Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман денеска изјави дека Израел ќе возврати со одмазда - ако Иран го нападне Тел Авив.
- Израел не сака војна... но ако Иран го нападне Тел Авив, ние ќе го погодиме Техеран, истакна Либерман.
Тензиите меѓу Израел и Иран траат повеќе децении. Тел Авив е против военото присуство на Иран во Сирија, а исто така израелските власти го обвинуваат Техеран дека ги помага Хезболах и Хамас.
Израел се обидува да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје, додека Техеран не ја признава еврејската држава и често се заканува со напад врз Тел Авив.