За жал во Агенцијата за млади и спорт, скандал по скандал. Сакам да го информирам господинот Заев дека има информација од Конференцијата за западен балкан со фокус за младинска политика каде што бевте и вие лично присутен. Беа платени патни трошоци и дневници на лица кои не се вработени во Агенцијата за млади и спорт што е спротивно на законот. Има информација дека низа на скандали во Агенцијата за млади и спорт не заврши тука, туку скандалите продолжија и на европското првенство во ракомет во Загреб. Има информација дека директорот на Агенцијта за млади и спорт службено со 40 блиски партиски познаници, 16 дена во Загреб си направија меден месец со државни пари истакна пратеникот Трајче Димков на денешната седница за пратенички прашања.

Димков праша по кој критериум се изберени овие луѓе? Дали тоа е критериумот да си близок до власта и до СДСМ нагласи Димков.

Тој потсети и на скандалот кој ја потресе Агенцијата за млади спорт со Збирка поезија за која имаше скандалозна поезија полна со сексизам и дискриминација.За директорот Каевски, Димков рече дека единствено што знае да работи е да брка од работа и да поднесува дисциплински постапки на вработените.

После изнесените факти, Димовски го праша премиерот Заев дали Каевски треба да остане директор на Агенцијата за млади и спорт и дали треба да ги врати парите кои ги потрошил нелегално?



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 17:37