Поранешниот прв човек на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија, во гостувањето во емисијата „60 минути“ на ТВ Алфа за случајот „Монструм“ каде што беа убиени петмина лица на Велики Четврток на 2 април, 2012 година кај Смилковското езеро потенцираше дека Зоран Заев пред да стане премиер кажал оти има снимки и дека случајот ќе биде расчистен, за сега да бега од одговори.

-Мене тоа навистина ми личи како театар на апсурд. Делува потполно нелогично и можам да го опишам како тотална збунетост на Заев, како да ги објасни работите, зошто работите бараат објаснување. Ако јас добро се сеќавам Зоран Заев и пред да биде премиер ветуваше дека тој случај ќе биде расчистен и дека има таму снимки. Тоа до сега не се случи и сметам дека тоа е страшно, додаде Милчин.

Според него, едно е пред некој да дојде на власт, а сосема друго е од кога ќе дојде на власт, односно тој има одговорност да го спроведе тоа што го ветил. Како што рече Милчин, доколку Заев и СДСМ продолжат да ги водат овие политики нема да останат долго на власт.

-Луѓето имаат премногу други проблеми за да влезат во таква уништувачка авантура. Меѓутоа, мислам дека ако вака продолжи работата, тие ќе си го кажат своето на изборите. Ова не може до бескрај да тера, оваа влада вака со тоа уценувачко партнерство од страна на ДУИ. Не може да трае ова вечно, она што ДУИ ги интересира е профитот, парите, рече Милчин. Како што кажа, тој се борел за плурализам на медиумите, но за жал тие и понатаму не се слободни.

– Добив еднa официјална реакција, официјално соопштение од владата каде што беше објавено на Канал 5, дека мојата критика била недобронамерна, дека тоа било критизерство итн и тоа беше по повод во едно интервју каде што зборував за генералниот секретар Рашковски. И таму имаше едни фалшиви документи дека тој добивал надомест од приватни пари, заборавајќи дека во таа фирма има висок процент на државен капитал, истакна Милчин.

Милчин додаде дека Заев ветувал нов почеток, но сега од позиција на премиер се враќал во минатото. Според Милчин ваквото однесување на Заев и постојаното свое оправдување за неработењето не може и не смее да биде дежурно алиби.

– Ние мораме да разговараме што направила новата влада, горе доле знаеме што направиле ВМРО-ДПМНЕ. Чекаме новата влада да ни каже што направила, новите локални самоуправи, новите градоначалници итн. Ќе помине година дена, градоначалниците на есен ќе се направи некаков пресек, некои резултати ќе мора да се проценат колку тежат. Да, ги имаме проблем тешкотиите, финансиските проблеми, но се плашам дека и оние нешта кои што можеа да се направат без пари, дека не се прават, потенцираше Милчин.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 18:04