Кварталните приходи на компанијата Кока Кола ги надминаа проценките на Волстрит за околу 300 милиони долари, поради силната побарувачка за „кола без шеќер“.

Профитот се зголеми благодарејќи и на новиот вкус од брендот „диетална кола“ („diet coke“).

Нето-добивката на американскиот производител на безалкохолни пијалоци за три месеци, заклучно со 30 март, е зголемена на 1,37 милијарди долари или 32 центи по акција од 1,18 милијарди долари или 27 центи по акција од истиот период минатата година.

Приходите паднаа за 16 отсто на 7,63 милијарди долари поради продажбата на полнилниците на Кока-Кола, но ги надминаа проценките на аналитичарите од Волстрит кои предвидуваа приходи од 7,34 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 18:39