Иранските власти побараа од провајдерите да ја откажат популарната апликација Телеграм за испраќање пораки на социјални мрежи, јавија ирански медиуми.
Властите на Иран во март најавија дека планираат да ограничат пристап до Телеграм поради заштита на националната безбедност.
Забраната за Телеграм е одговор на „негативната улога“ која таа апликација ја имаше за време на ланските антивладини протести во Иран во кои живот загубија 25 луѓе и повеќе од 5.000 беа уапсени. Телеграм во Иран има околу 40 милиони корисници.