Ким Џонг-ун ќе стане првиот лидер на Северна Кореја кој ќе премине на територијата на Јужна Кореја од крајот на Корејската војна во 1953 година.

Јужна Кореја соопшти дека претседателот Мун Џеј-ин лично ќе се сретне со Ким на границата во 9:30 часот по локално време.

Историските разговори ќе се фокусираат на неодамнешните индикации на Северот, дека би можеле да бидат подготвени да се откажат од своето нуклеарно оружје.

Значајниот самит е пробив по неколкугодишните тензии.

Сеул, сепак, предупредува дека ќе биде тешко постигнувањето договор со цел Пјонгјанг да се ослободи од своето нуклеарно оружје бидејќи нуклеарната и ракетната технологија на Северна Кореја напредуваше толку многу откако разговорите беа одржани од двете страни.

Состанокот, кој е трет од ваков вид, по самитите одржани во 2000 и 2007 година, е резултат на неколкумесечното подобрување на односите меѓу двете Кореи и го отвора патот до можна средба меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп.

За решавање на нуклеарните амбиции на Пјонгјанг, од лидерите се очекува да разговараат и за патот кон мирот на полуостровот за формално завршување на Корејската војна во 1950-53 година и серија економски и социјални прашања.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 19:59