Читам по порталите дека за Чебрен и Галиште домашните банки имале обезбедено 220 милиони. Прво од каде знаеме дека толку ќе чини, кога немаме ниту проект?

Ова во емисијата „Клик плус“ на телевизијата 21 го праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додавајќи дека Министерството за економија и кабинетот на потпретседателот на Владата ќе формираат комисија во наредните 10 дена која во следните два месеци ќе излезе со план, како понатаму ќе се работи на проектот.

-Ако излезе дека овој проект не е исплатлив? Ќе се извини премиерот?, праша Мицкоски.

Вели дека опозицијата ќе продолжи да ја критикува Владата, но оти на тој начин нема да се реши проблемот околу Чебрен и Галиште.

-Многу е лесно да ветувате, тешко е да направите. Затоа пред да ветите треба три пати да помислите што сте ветила, затоа што ако немате капацитет тоа да го направите, барем најмалку што можете да направите за граѓаните и за македонската јавност е да им се извините и да се повлечете, вели Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 22:07