Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клик Плус“ на телевизија 21 кажа дека разликата меѓу оваа опозиција сега и опозицијата во минатото е што оваа опозиција додаде вредност за Македонија да ја добие препораката од ЕУ, а минатата опозиција тегнела назад и молела Бога тоа да не се случи.

-Тоа е разликата. Ги хушкаше луѓето да одат по улиците и да го урнисуваат системот, праќаше лоши вести по Брисел и по светот, кодошејќи ја сопствената држава и владата.

Мицкоски го спомена и извештајот од Стејт Департментот, каде за Македонија пишува дека е заробена држава, што како што кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и е акцентирано во извештајот.

-За што биравме ние нова Влада, ако порано било заробено, а сега е два пати позаробена државата, праша Мицкоски.

Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не се вклучени во преговорите за името, кажа дека последна информација која ја добиле е онаа на лидерската средба кон крајот на јануари месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 22:14