Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун по првата средба со јужнокорејскиот колега, си замина во црна лимузина покрај која трчаа неговите телохранители.

На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа како 12 телохранители во костуми трчаат покрај возилото во кое се наоѓа Ким Џонг Ун.

Ким и Мун ја завршија утринската сесија од историската средба, а за попладне е планиран нов состанок.

Ким Џонг Ун стана првиот севернокорејски лидер кој стапнал во Јужна Кореја откако полуостровот беше поделен со граѓанската војна од 1953 година



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 08:33