Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата Клик Плус на телевизија 21 рече дека нема што да се преговара околу идентитетот зошто тој воопшто не е тема на преговори.
Тој притоа додаде дека идентитетот е стекнато право.
-Тоа е решено. Нема што да се преговара или да не се преговара. Тоа не е предмет на преговори. Зарем некој преговара за тоа. Тоа е стекнато право и за тоа нема што ние да преговараме. ВМРО-ДПМНЕ во многу наврати во минатото го кажа ова а сега пак ќе го кажам ова дека ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи промена на Устав со цел на уставното име. За останатите делови нема што ние да прифаќаме или да не прифаќаме. Тоа е стекнато право и е јасно дефинирано во личната карта за Република Македонија во ОН, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е национално прашање кое што е од големо значење за Македониците и за Република Македонија. Мицкоски додаде дека во овој спор најважно е да бидете вешт и да реши овој процес ако не ќе се капитулира. Според него досега сите политички елити не успеале да најдат достоинствено решение, но притоа не капитулирале но затоа сега има некоја друга политичка елита водена од Владата и останува да се види како ќе се реши овој проблем.