Рускиот алуминиумски гигант Русал најави промени во својот борд на директори, со цел да ги убеди САД да се откажат од планот за воведување санкции.

Компанијата најавува дека милијардерот Олег Дерипаска, кој е цел на американските санкции, ќе внимава неговиот удел во компанијата да остане под 48 проценти, за да не може САД да го обвинат дека има контрола врз компанијата.

Вашингтон најави санкции против Русал поради вмешаноста на Дерипаска во, според САД, неприфатливи активности низ светот. Но, санкциите имаат одложено дејство и ќе стапат на сила наесен, доколку Русал не го намали влијанието на Дерипаска врз компанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 09:47