Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март се пониски за 1,3 отсто на месечно ниво, а за 0,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во март 2018 година, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 5,9 отсто, Капитални производи за 1,8 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто.

Во март 2018, во споредба со март 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 6,7 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 12:04