Канадскиот Империјал Оил соопшти дека ја зголемил продажбата во првиот квартал на 2018 година за 55 проценти, благодарение на солидниот пораст во секторите рафинирање на нафта и производство на хемикалии.

Компанијата соопшти дека растот во овие две одделенија помогнале да се намалат загубите од ниската цена на нафтата. Империјал Оил е втората најголема нафтена компанија во Канада и е во мнозинска сопственост на Ексон Мобил, со кој инвестира во наоѓалиштата на нафтени шкрилци во Алберта.

Нето приходите во првиот квартал на годината изнесувале 400 милиони американски долари, а бруто продажбата била нешто под седум милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 12:42