Во пресрет на светскиот ден на безбедност и здравје при работа, како низ целата корпорација така и во АрцелорМиттал Скопје беа организирани низа активности кои имаа за цел уште еднаш да потенцираат дека безбедноста е приоритет број 1 на компанијата. Секој во АрцелорМиттал – на секое ниво, во секој оддел, на секоја локација, вработен или добавувач – има одговорност да направи сè што е потребно за безбедно да замине дома на крајот од денот.
Во таа насока се случија ред настани насочени кон промоција и јакнење на свеста за здравјето и безбедноста вклучувајќи обуки за прва помош, заштита од пожар, обуки за користење на ПП апарати и слични тренинзи, дискусии и дебати. Дополнително, за вработените на компанијата беше организиран и натпревар за приготвување на здрава храна на кој гостуваа Александра Пановска и Марк Де Јонг од „Брза Кујна".
Со ваквите активности компанијата уште еднаш го потенцираше главниот приоритет, јасната цел и визијата на АрцелорМиттал како на локално, така и на глобално ниво – здрава и безбедна работна средина.