Растот на индустриското производство во февруари ги потврдува успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ

Планот за економски раст и реализираните мерки на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. По растот на индустриското производство од 8,4 отсто во јануари 2018 година, според официјалните податоци, индустриското производство во февруари бележи раст од 4.6 отсто во споредба со истиот месец од 2017 година.

Гледајќи квартално, индустриското производство во првото тромесечје бележи раст од 5.2 отсто во однос на истиот период од 2017 година. Растот на индустриското производство во првите два месеца од 2018 година ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, претставува позитивен сигнал за стопанството и истовремено претставува потврда дека економијата во Македонија се движи во добар правец.

Преку одговорното управување со јавните финансии, кратењето на непродуктивните трошоци, намалувањето на јавниот и државниот долг, обезбедувањето повеќе пари за граѓаните и стопанството, Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и ја поставува на здрави и одржливи основи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2018 16:28