Зоран Заев ја приватизираше и Царинската Управа. Царината и формално станува општинска организација на СДСМ, а непотизмот и партиските заслуги единствен критериум за вработување.

Поранешниот член на ДИК, од редовите на СДСМ, Игор Милев, кој ги аминуваше криминалните избори во октомври лани, експресно е вработен во Царинската Управа, на местото советник на директорот.

Сопругата на Милев, Тања Милева пред само 6 месеци, иако беше трето рангирана ја именуваа за судија во скопска апелација. Милева стана судија, а прво и второ рангираните беа одбиени.

Ова е кадровската политика на СДСМ. Вака се заробува државата и институциите.

Според информациите кои кружат во Царина, Игор Милев добил одврзани раце да ги спроведува партиските задачи. Имено веднаш по вработувањето Игор Милев има овластување од страна на директорот на Царинската Управа да извршува задачи на Помошник Директор на Сектор за Контрола и Истраги, најважниот сектор, задолжен за спречување на криминални дејанија и шверц.

Според кои квалификации е вработен Милев? Дали криминалниот картел го награди Милев за аминувањето на криминалните локални избори во октомври лани со место во Царинската Управа?

Зоран Заев треба да одговори, и дали комисијата за избор, била составена од Валентина Пивоварова, сопруга на Владимир Пивоваров, поранешен советник на Оливер Спасовски и сегашен национален координатор за гранично управување, Саша Гошева, советник од СДСМ во Советот во општина Центар од 2013 до 2017 година и Горан Гелевски, советник на директорот на Царинската управа?

Доколку комисиите за вработување се вакви, секој млад човек може однапред да се прости од било каква надеж дека може да помени на конкурсот.

Државните институции стануваат место за вдомување на партиски војници на СДСМ, а долговите кон нив Зоран Заев ќе ги враќа со пари на граѓаните преку високите плати.

Овој криминален картел ја урнисува државата и ги приватизира институциите. Ова е ненародна власт која работи во интерес на мала група на луѓе, а не во интерес на граѓаните. Овој криминален картел мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро. Доаѓа нова енергија, доаѓа ново утро! Доаѓа нова надеж за Република Македонија!



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 01:20