Реализираме голем дел од мерките преку коишто ги реформираме, професионализираме и ослободуваме институциите. Ставивме крај на заробената држава и денеска институциите да работат единствено во интерес на граѓаните, порача потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Оливер Спасовски на граѓанската трибина во општина Ѓорче Петров која што се одржа вчеравечер.

„Во изминативе 10 месеци месеци и како партија предводник на Владата и парламентарното мнозинство работевме напорно, работевме одговорно и на домашен и на меѓународен план за да се врати довербата во институциите, да се врати довербата во Република Македонија и нашата држава повторно да стане почитуван регонален и глобален партнер. И денеска, после една година од 27 април кога Македонија беше на работ од бездната на пропаста, можеме да заклучиме дека Македонија направи еден огромен исчекор напред. Денес Македонија има сериозна поддршка и е почитувана држава во регионот и Европа. Тоа носи стабилност а стабилноста и интеграциите носат повеќе инвестиции, подобри работни места, повисоки плати“ истакна Спасовски.

Во своето обраќање, потпретседателот Спасовски зборуваше за мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните како што се зголемувањето на минималната плата, укинувањето на радиодифузната такса, материјалната поддршка за стечајните работници, воведувањето на евтината тарифа на струјата и други мерки.

Спасовски ги потенцираше и проектите што претстојат а имаат за цел обезбедување нови работни места, економски раст и унапредување на евроинтеграциските процеси на државата.

Во разговор со граѓаните потпретседателот Спасовски кој е и министер за внатрешни работи, ги презентираше активностите на полиција за зголемување на безбедноста на сообраќајот.

Спасовски ги информираше граѓаните и за продолжување на проектот „Маалски полицаец“, постапно, низ повеќе населени места. Со овој проект се зголемива ефикасноста и полицијата делува како вистински пријател-заштитник на безбедноста и спокојот на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 01:22