Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ оставија хаос во здравството и уништен здравствен систем, a нивниот проект за нов Клинички центар ќе остане запаметен само по металните тараби пред коишто Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со години ги лажеа граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар додека трошеа стотици милиони евра на барок, палми и споменици.
Проектот за новиот клинички центар на нова локација е историска инвестиција во здравството, Македонија добива Клинички центар за првпат по 1947 година, односно после 80 години.
Неспособноста на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи Владата предводена од СДСМ да изгради нов современ Клинички центар којшто ќе обезбеди интегрирани здравствени услуги за сите граѓани.