Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе тргне од пол-позицијата на трката во Баку за Големата награда на Азербејџан од шампионатот во Формула 1.

Германецот трет пат по ред е најбрз во квалификациите.

Веднаш до Фетел од првиот ред ќе стартува Луис Хамилтон од Мерцедес, актуелен шампион во Ф1.

Од вториот ред како трет трката ќе ја почне Валтери Ботас од Мерцедес, а по него се возачите на Ред Бул, Даниел Рикиардо и Макс Верстапен, па Кими Раиконен,....

Почетокот на Главната трка во Баку е утре од 14 часот и 10 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 02:44