Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Криминалниот картел во врвот на власта ја киднапира државата. Државните институции се користат за вработување на партиски активисти и луѓе блиски до врхушката на власт.

СДСМ ветуваше транспарентност при вработувањето и еднаков пристап на граѓаните до секое работно место. Сега го гледаме токму спротивното. Вработување по партиски клуч и згрижување на блиски роднини на функционерите како начин на работа.

Експресно по престанокот на мандатот во ДИК, Игор Милев е вработен како советник на директорот на Царинската Управа, со ингеренции на Помошник директор на Секторот за Контрола и Истраги, додека неговата сопруга, иако трето рангирана беше избрана за судија во Апелациониот суд во Скопје.

На позиција втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски.

Згрижување на државна сметка во АД ЕЛЕМ, добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска.

Единствен критериум по кој се вработени и Милев Фрчкоски, Грчев, Џафери и Несторовски на државни сметка е нивната партиската заслуга. СДСМ институциите ги претвори во место за згрижување на истакнати партиски активисти на картелот.

Почитувани,

Непотизмот е главна карактеристика на картелот и на локално ниво. Градоначалникот на Прилеп, си ги вработи двете свои внуки и зетот на државна сметка. Директорите на институциите исто така си ги вработуваат своите сопружници и деца. Слична е и ситуацијата и во Битола. Градоначалничката својот брат си го вработи како наставник веднаш по стапувањето на функција , а по нејзин пат продолжија и директорите на останатите институциите.

Веднаш по преземањето на функцијата градоначалник, своите сопруги како наставници ги вработија и градоначалниците на Берово и Неготино.

Ваквите примери, каде претставниците на картелот си ги вработуваат најблиските роднини се безброј. Криминалниот картел наречен СДСМ ја претвори државата во своја приватна сопственост.

Со непотизам и партизација, СДСМ ја урнисува државата и ги приватизира институциите. Владата не работи за граѓаните, туку за мала група на луѓе во врвот на власта. Овој криминален картел мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 15:04