Пред да шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да ги научи основните економски лекции, Владата работи одговорно и во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прифати успешните политики на Владата предводена од СДСМ и затоа продолжува да ја лаже јавноста преку лажни вести и измислици.

Тендерот за кој денеска ВМРО-ДПМНЕ неосновано обвинува никогаш не бил реализиран. Иако не постоела законска пречка, вицепремиерот Кочо Анѓушев се откажа од јавниот повик што беше добиен во време кога тој не бил именуван функционер.

Пред да шири измислени скандали, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја научи основната економска лекција дека државната сопственост е разделена од приватната.

Несериозно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да измислува вакви лаги, кога токму таа партија беше на пат целото стопанство да го претвори во семеен бизнис на фамилијата.

За разлика од офшор шемите и фирмите од Белизе на ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот задолжен за економски прашања Анѓушев, прикажа се во својот имотен лист којшто беше јавно и транспарентно објавен.

Очигледно е дека измислиците и лажните вести остануваат единствен начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ, а опозициската партија не покажува капацитет да ги надмине поразените политики на пропаганда и манипулација. Владата предводена од СДСМ и сите нејзини функционери продолжуваат да работат посветено, одговорно, отчетно и единствено во интерес на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 20:12