НСДП денес во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа донесени повеќе одлуки во пресрет на Четвртиот Конгрес на партијата кој ќе се одржи на 13 мај во Скопје.
Централниот одбор на НСДП, како дел од конгресните документи, на седницата го утврди Извештајот за работата на НСДП помеѓу Третиот и Четвртиот Конгрес и ја усвои Предлог-Програмската платформа за делување на партијата во наредните четири години.
Во однос на изборот на новите раководни органи на партијата, а врз основа на предлозите на општинските организации, на седницата се утврди бројот на членови на Централниот одбор да изнесува 90, а на Надзорниот одбор 9, како и нивниот состав кој ќе биде предложен пред делегатите на Конгресот.
Централниот одбор на НСДП врз основа на доставените предлози од општинските организации за предлог-кандидат за Претседател на партијата го утврди Тито Петковски.
Бројот на делегати кои ќе учествуваат на овој редовен Конгрес на партијата ќе изнесува 500.
СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП