Криминалниот картел во врвот на власта ја киднапира Македонија.

СДСМ и Зоран Заев со непотизам и партизација ја урнисуваат државата и ги приватизираат институциите.

Државните институции се користат за вработување на партиски активисти и луѓе блиски до врхушката на власт.

Наместо транспарентност и отчетност при вработувањето во државните инстуции како што ветуваа во предизборниот период сега имаме вработување по партиски клуч и згрижување на блиски роднини на функционерите како начин на работа.

Поранешниот член на ДИК, Игор Милев е вработен како советник на директорот на Царинската Управа. Неговата сопруга, иако трето рангирана е избрана за судија во Апелациониот суд во Скопје.

На позиција втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски, додека вдомување во АД ЕЛЕМ добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска.

Единствен услов овие луѓе да се вработат во институциите на државата е слепата лојалност кон криминалниот картел на СДСМ и роднинските врски.

И на локално ниво има масовна партизација.

По преземањето на функцијата градоначалник, своите сопруги како наставници ги вработија и градоначалниците на Берово и Неготино.

Директорите на институциите исто така си ги вработуваат своите сопружници и деца. Градоначалничката на Битола својот брат си го вработи како наставник веднаш по стапувањето на функција, а по нејзин пат продолжија и директорите на останатите институции.

Градоначалникот на Прилеп, си ги вработи двете свои внуки и зетот на државна сметка.

Криминалниот картел наречен СДСМ ја претвори државата во своја приватна сопственост.

Овој криминален картел мора да си замине !


ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев со непотизам ја урнисуваат државата и ги приватизираат институциите

Граѓаните заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2018 10:28