Основачот на компанијата Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс смета дека државите треба да се подготват за пандемија, која и претстои на светот, и тоа на ист начин како што би се подготвувале за војна.
Тој верува дека смртоносната епидемија ќе ја погоди планетата во текот на следните десет години, а болеста ќе убие повеќе од 30 милиони луѓе за најмногу шест месеци.
Гејтс тоа апокалиптично предупредување го изнесе на научен собир во Масачусетс, но и претходно зборувал за истото, само со помала убеденост во своите тврдења.
- Постои едно подрачје во кое светот не се труди доволно да постигне напредок, а тоа е подготвеноста за избивање пандемија, истакна милијардерот, нагласувајќи дека следната пандемија би можела да се развие од компјутерскиот монитор.
За да биде сериозно сфатен, Гејтс додаде дека во врска со опасноста која се заканува тој наскоро ќе оствари средба и со американскиот претседател Доналд Трамп. Дури и Конгресот на САД верува дека „постои нешто“ во тврдењата на Гејтс, имајќи предвид дека се одобрени дополнителни средства за Националниот центар за контрола и превенција на болести.