Македонските веровизиски претставници Eye Cue денеска ја имаа првата проба во Altice арената во Лисабон. Пробниот настап на претставниците на Македонија помина одлично за што зборуваат и позитивните критики од фановите и од странски медиуми.

Сцената беше обоена во розово и сино, а кореографијата и ритамот на „Lost and Found“ ја подигна атмосферата. Марија беше облечена во розов мини фустан со сребрени детали околу вратот, а Бојан настапи во црно-бела комбинација.

Тие ќе настапат на првата полуфинална вечер која ќе се одржи на 8-ми мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2018 14:51