Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ и ЕЛЕМ кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ зборува со докази и аргументи, додека СДСМ не понуди ниту еден аргумент.

Прашањето на кое треба да се одговори е што бараат налепниците на фирмата СВ Инвест на камионите кои се во сопственост на компанијата на братот на Зоран Заев, Вице Заев. И дали и по кои основ тие се ангажирани да возат за РЕК Битола, зошто не постои легитимен и легален договор?

Криминалниот канцер наречен СДСМ ги зафаќа сите пори на општеството.

Дали криминалниот начин на работа од Струмица е пресликан на државно ниво?

Сите го гледавме Зоран Заев како отворено бара поткуп од 200.000 евра за легализација на земјиште, а сега имаме сомнеж дека камиони во сопственост на неговиот брат возат за потребите на РЕК Битола.

Зоран Заев и криминалниот картел треба да одговорат дали фирми на Заеви работат за сметка на државни компании и по која цена. Граѓаните очекуваат транспарентност.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 01:19