Прекувремената работа е дефинирана како минимум еден час повеќе работа неделно во однос на работните часови во договорот за вработување. Овој податок го покажува истражувањето на Институтот Finance Think. Станува збор за истражување во рамки на проектот „Анализа на вилијание на регулативата: Ефекти од промената на Законот за просечна плата“.
Понатаму истражувањето покажува дека работниците кои земаат минималец за четири недели, со прекувремените саати одработуваат уште една дополнителна недела.
Во однос на полот истражувањето говори дека мажите почесто и подолго работат надвор од работното време. Според истражувањето 28,2 проценти мажи, а 19,9 проценти жени работеле повеќе или надвор од работното време. Практично ова е процент од вработените кои имале барем еден час прекувремена работа неделно.
Истражувањето е правено и посебно да се види каква е состојбата кај етничките заедници во Македонија. Или прекувремената работа е најзастапена кај Ромите, односно 44,6 проценти, потоа следат Турците или 28,7 проценти од ова населeние, Македонците со 25 проценти, 21,9 проценти од Албанците.
Законот за работни односи предвидува прекувремена работа. Но,само дополнителни 8 часа за една недела кои треба да бидат платени согласно општиот колективен договор. Или законот вели 8 часа дополнителна работа неделно, а се работи по 13 часа прекувремено или 5 часа повеќе од дозволеното според закон.
Од двата синдикати Сојузот на Синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија како најчеста злоупотреба на работничките права наведуваат дека има околу делумно плаќање на плата на рака заради злоупотреби и неплаќање на придонеси од плата.
Дополнително жалбите од граѓаните се во насока дека инспекцијата не постапува по анонимните претставки, дека им се крати годишниот одмор. Според податоците на синдикатите ова е најчесто случај во текстилната индустрија, преработувачката, трговијата и угостителството.
Сето ова се случува, како што велат упатените во оваа проблематика,поради тоа што нема социјалиен дијалог.
Истражувањето на Институтот кое е започнато во јануари годинава продолжува до декември 2018 година, а специфичните цели на проектот се: да го процени влијанието на зголемената и изедначената минимална плата врз вработеноста и животниот стандард; да го процени влијанието на зголемената и изедначената минимална плата врз Буџетот на РМ; да го документира просторот и формите за (не)почитување на Законот за минималната плата, како и потешкотиите при неговата имплементација, и квалитативно да ги оцени реперкусиите; да ги поттикне носителите на политиките да донесуваат информирани одлуки базирани на соодветни анализи и препораки базирани на докази; да ја зголеми јавната свест за измените во Законот за минимална плата, нивното влијание и потреба од нивно почитување; да ги едуцира работниците за нивните работнички права, во насока на намалување на притисоците и компромитациите на кои подлежат при исплата на минималната плата.