Скопје, 1 мај 2018

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на граѓаните на Република Македонија им го честита 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот.

„Почитувани граѓани,

Овој ден е симбол на храброста и одлучноста во борбата за подобра иднина и унапредување на правата на работниците.

Не е возможен успех без мотивирани работници, не е возможен напредок без соодветно вреднувани и почитувани работници, заштитени и сигурни на нивните работни места.

Како одговрона партија, СДСМ останува целосно посветена на обезбедување на услови за развој и напредок и еднакви можности за сите. Тоа се докажа и преку зголемувањето на минималната плата, зголемувањето на пензииите и просечната плата и ќе се докаже и во иднина преку остварување на низа мерки за унапредување на правата на работниците.

Единствено со мотивирани и заштитени работници, претпријатијата ќе се развиваат и ќе ја движат економијата напред и затоа како владеачка партија остануваме целосно поветени на тој процес.

Не чекаат многу предзвици во иднина, но заедно рамо до рамо со вас, со вашата поддршка, со заеднички труд, ќе успееме во напорите да обезбедиме квалитетни услови за живот и работа за сите граѓани.

Со храборст ги донесовме промените, со одлучност чекориме кон иднината што носи напредок, правда, подобри работни места и гарантирани работнички права.

Нека е честит 1 мај - Меѓународниот ден на трудот!“

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА СДСМ



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 15:36