Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Криминалот и корупцијата се канцер на македонското општество.

Постојат сериозни индиции за милионски криминал во повеќе сфери на општествено - економското работење во Република Македонија.

Нов таков случај за кој мора да се огласи и јавното обвинителство е случајот каде постои сериозен сомнеж и индиции дека луѓе блиски до највисоката власт, меѓу кој братот на Зоран Заев, Вице Заев се дел од голема корупциска афера.

Се должат одговори на следниве прашања:

Чиј е овој камион со струмички регистерски таблици?

Дали тој е во сопственост на „Тотал инжинеринг“ каде управител и сопственик е Вице Заев?

Што бара струмички камион да вози со налепници на компанија која е во деловни односи со РЕК Битола?

Зошто на камион за кој имаме индиции дека е во сопственост на фирмата на Зоран Заев има хартиена налепница дека е на „СВ Инвест“?

И дали е точно дека овие денови се менува сопственоста на камионите, за кои имаме информации дека биле на „Тотал инжинеринг“, а преминуваат во „СВ Инвест“?

Почитувани, претходно е познато дека фирмата „СВ Инвест“ во 4 очи добива тендери од РЕК Битола за ангажирање на работници.

Дали се работи за уште еден бизнис триаголник каде луѓе блиски до власта се офајдуваат од нашите државни компании.

Криминалниот картел ја користи власта за бесрамно богатење. Нивните лични и семејни бизниси за само една година ни ја поклопија државата. Нашата јавност има право да знае колку пари имаат заработено фирмите блиски на Заев и на Анѓушев откако тие се на власт.

Нашава држава не е приватна сопственост на Заев и Анѓушев. Оваа власт мора час поскоро да си оди. Нашите граѓани немаат никаква корист од личното богатење на криминалниот картел.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 17:44