Ерменскиот опозициски лидер Никола Пашињан вети „политичко цунами“ доколку не биде избран за премиер.

- Сакам да ги предупредам господата од владејачката Републиканска партија да не ја толкуваат толерантноста на народот како слабост, бидејќи тоа може да доведе до вистинско политичко цунами, им порача Пашињан на пратениците, повикувајќи ги Ерменците да излезат на улица.

Ерменскиот опозициски блок вчера официјално го предложи Пашињан за нов премиер на земјата.

Парламентот денеска на вонредна седница ќе избира нов претседател на владата, бидејќи досегашниот премиер Серж Саркисјан поднесе оставка по 11 дена протести во државата.

Пашињан и неговите приврзаници засега можат да сметаат на 47 гласови поддршка, шест помалку од потребното мнозинство за избор.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 18:41