Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведувањето на мерките што ја засилуваат спиралата на раст на платите и обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

Преку новата мерка на Владата предводена од СДСМ ќе се стимулира раст на платите во трудоинтензивните дејности. За секој работник кој ќе добие покачување на платата во однос на последното тромесечје на 2017 година, државата ќе обезбеди поддршка од 30% од порастот на бруто платата. Мерката ќе се однесува на работници кои имале просечна нето плата до 18.000 денари во последните три месеци на 2017 година, за кои фирмата не добива никаков друг вид државна помош или ослободување. За да се спречат злоупотреби, поддршката ќе биде исплаќана откако фирмата ќе ја исплати платата на вработениот. Според проценките, околу 50.000 вработени, во околу 15.000 фирми, ги исполнуваат условите и тие наскоро ќе имаат можност да аплицираат за овој вид на поддршка.

Со ваквата мерка ќе се зголеми бројот на лица кои ќе добиваат повисока плата, откако со зголемувањето на минималната плата која сега изнесува 12.000 денари, околу 90.000 работници веќе добиваат повисока плата.

Зголемени плати на работниците, партнерски однос со претпријатијата и создавање услови за економски раст остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ која продолжува со спроведувањето на мерките што се во интерес на сите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 08:54