Помина цела година, а животот во Република Македонија дојде само за криминалниот картел составен од Заеви, Анѓушев и врхушката на власт. Граѓаните живеат се полошо и едвај врзуваат почеток со крај. Паднаа во вода сите лаги за просечна плата од 30.000 денари.
Криминалниот картел наместо да се посвети на создавање на подобра бизнис клима во која што компаниите ќе бидат попродуктивни и ќе може да исплаќаат поголеми плати, се посвети на полнење со пари на личните и семејните фирми.
Затоа сега одлучија да го применат нивниот добро познат метод на притисок, уцени и закани кон приватните стопанственици да ги зголемат платите дури и да нема економска логика, односно да се предизвика дополнителна штета од ваквиот чекор.
Новата апсурдна мерка што ја предлагаат е доказ за безидејноста на неспособното економско трио и неуспехот ма досегашните политики.
Новата мерка веројатно ќе помогне само да се подобрат платите во фирмите на Заеви и Анѓушев. Заев и Анѓушев треба да одговорат колку работници има во нивните фирми кои земаат нето плата до 18.000 денари, односно ги исполнуваат условите од мерката со која што 30% од покачувањето на платите, фирмите би го покриле од државата.
СДСМ и Заев безобразно ги лажеа и манипулираа граѓаните со предизборни ветувања, а денеска сме сведоци дека ништо од тоа не се реализира. Државата секојдневно тоне во криминал и корупција. Доказ дека на лагите им нема крај е несреќната судбина на вработените во „Еурокомпозит”. Најпрвин ги лажеа дека веднаш по доаѓање на власт ќе им се исплати се, а сега да ги молат да работат без плата 6 месеци.
Криминалниот картел кој е на чело на државата мора да си замине, а водачите на картелот мора да одговараат пред граѓаните еден ден.
Колку порано дојде поодговорна и поспособна власт, која што ја разбира економијата и знае да работи, толку побрзо компаниите ќе добијат подобра бизнис клима во која што ќе остваруваат поголеми профити и ќе имаат можност да исплаќаат повисоки плати за вработените.