Францускиот премиер Емануел Макрон направи лапсус и сопругата на австралискиот премиер Луси Турнбул ја нарече „вкусна“.

Макрон за време на заедничка прес-конференција му заблагодари на Турнбул за гостопримството, како и на неговата „вкусна“ сопруга.

- Сакам да ви се заблагодарам за приемот, Вам и на Вашата „вкусна“ сопруга на топлиот дочек, рече Макрон.

Изјавата предизвика многубројни шеги на сметка на Макрон. Објаснувањето се крие најверојатно во погрешната употреба на англискиот јазик бидејќи зборот „вкусен“ (delicious) на француски се преведува и како убав или пријатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 09:20