ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е симбол на криминал и расипништво и партија што за време на своето 11-годишно криминално владеење за тројно го зголеми долгот на Република Македонија за остварување криминални интереси, нема никаков кредибилитет да зборува за економија.

Очигледно е дека опозициската партија не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ. За само десет месеци Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира и придвижи економијата и одговорно да управува со парите на граѓаните.

Поради успешните економски мерки и одговорното управување со финансиите, во 2017 година за првпат по неколку години забележан е пад на јавниот долг, а просечната плата бележи раст од 4,6 отсто.

За разлика од скапите, тајните и нерационалните задолжувања на ВМРО-ДПМНЕ по екстремно високи каматни стапки, успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ ја враќаат довербата во економијата, а Македонија добива историски најниски каматни стапки.

Наспроти празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, бројни економски параметри ја потврдуваат исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ а граѓаните ги гледаат и чувствуваат придобивките од успешното работење.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 13:58