Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал изјави дека ја почитува одлуката на Рожер Федерер да не игра на турнирите кои се на земјена подлога. Минатата сезона, Шпанецот триумфираше на четири од петте турнири што ги играше на земја, вклучувајќи ги „Мастерс“ турнирите во Монте Карло и Мадрид. Тој веќе ги одбрани своите титули во Монте Карло и Барселона и ќе се обиде да го стори истото во Мадрид од понеделник. Покрај добрите резултати на Надал, како и минатата година, повторно се забележува отсуството на Швајцерецот, кој втора година по ред одлучува од тврда подлога да се префрли на трева. - Играв неколку пати против Федерер во Мадрид. Натпреварувањата против него секогаш се тешки, но во Мадрид тие беа посебни. Чувството дека сите ве поддржуваат додека играте против еден од најголемите ривали е навистина посебно. Ја разбирам неговата одлука. Потребни се повеќе напори за да се постигнат добри резултати на земја. Тој имаше одлична серија оваа сезона, па пораз на земјена подлога ќе ја нарушат оваа аура на непобедливост што ја има на други подлоги. Минатата сезона излезе совршено, зошто би променил нешто сега, изјави Надал.