ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера, 02.05.2018 година, одржа седница на која што се расправаше за општествено економската состојба во државата. Презадолжувањето на државата, повлекувањето кредити без реална потреба и без реализација на никакви проекти, според сите анализи водат кон економски крах. Никој не знае на што и како се трошат милионите евра од задолжувањето, кои ќе ги враќаат идните генерации.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека на оваа несовесна политика мора да се стави крај. Државата не може да продолжи по патот на расипништво.

На состанокот беа разгледани и неколку кадровски прашања. ИК именуваше и два портпароли, Наум Стоилковски и Димче Арсовски.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе и одлука за избор на претседатели на следните ОК:

Иван Јорданов - Штип

Мирче Аџиоски - Струга

Бошко Цветковски - Лозово

Коста Маневски - Зелениково

Анри Андоноски - Крива Паланка

Ѓорѓи Граматиков - Дојран

Митко Костадиновски - Виница

Никола Атанасов - Берово

Јован Тозиевски - Ресен

Миле Лефков - Кочани

Ненад Јовчевски - Тетово

Дарко Костовски - Бутел

Сашо Донев - Охрид

Иванчо Тошевски - Битола

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи и дека треба да запре злоупотребата на институциите и државните ресурси за партиски потреби.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 12:40