Дисциплинска постапка е поведена против Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот во „Фени“, од страна на стечајниот управник на комбинатот во стечај. Во образложението на решението, стои дека одговорното лице во Секторот за производство пријавило дека Палитов од први до 18 април неоправдано отсуствувал од работа десет работни денови.

- Наводите во решението се неточни. Сите отсуства од работа ми се оправдани, главно поради синдикални активности или годишен одмор. Затоа мислам дека се работи за своевиден мобинг за што ќе поднесам тужба на суд, ова е притисок врз мене како синдикалец. Отсуството за синдикални активности се регулира со колективен договор кој во моментов е истечен. Сметам дека сево ова се прави за да ме тргнат од работа и да не се залагам како и до сега за работничките права, рече Палитов за МИА.

Сослушувањето на Палитов од страна на дисциплинска комисија, е утре во 08.30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 12:46