Најновата манипулација на СДСМ дека нешто работат, односно дека ги исполнувааат ветувањата кога е во прашање зелената нафта е поигрувањето со достоинството на земјоделците.

Со измените на законот за земјоделство и рурален развој или таканареченото воведување на зелена нафта е уште едно изневерување на очекувањата и надежите на земјоделците.

Како одговорна опозиција имаме обврска да ги информираме земјоделците дека овој закон е крајно популистички и не ја остварува вистинската суштина, а тоа е зелена нафта за сите земјоделци.

Имено, наместо ветените 50% за покривање на трошоците во производство, со овој закон земјоделците нема да добијат ниту 20%. Истовремено пофалбите дека законот се однесува на сите земјоделци е голема лага.

СДСМ не случајно испушти да нагласи дека иако максималната сума за добивање средства е 100.000 денари по земјоделско стопанство, практично на едно земјоделско стопанство што обработува 10 хектари земјоделска површини, средствата од 100.000 денари едвај покриваат една, максимум 2 агротехнички операции.

Дополнително, знаејќи дека во Република Македонија има регистрирано 192.000 земјоделски стопанства според последниот попис, СДСМ предвидуваат само 60.000 картички, односно наместо сите земјоделци како што се фалат со овој закон дури две третини од земјоделците нема да добијат никаква финансиска помош.

Големата лага на СДСМ ќе има кратки нозе и тоа многу брзо ќе го осетат земјоделците кои што секогаш биле понижувани и маргинализирани кога на власт била СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во Република Македонија која што покажа како се работи за земјоделците. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт земјоделството во Република Македонија преставуваше суштинска гранка во општеството.

Како Пратеничка група сметаме дека треба да се донесе вистински и суштински закон со кој ќе се обезбеди зелена нафта за сите земјоделци, а не ваков фаличен закон кој служи само за гол популизам и ништо друго.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 13:22