Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев на денешната седница на Собранието истакна дека СДСМ не може да ја тргне вистината од себе дека со години ги бркаше странските инвестиции од Македонија.

Тој рече дека власта тоа го покажа и на дело со тоа што ги тргна претходните министри кои беа задолжени за привлекување на инвеститорите и на нивно место ги постави Ибраимовски, Мерко, Шапуриќ и Љубе Бошковски.

Цуклев посочи дека треба да поминат четири до пет години од пројавување на интерес па се до донесување на конечната одлука за инвестирање на компаниите во Македонија. Тој рече дека знаејќи го тоа сепак СДСМ го вратија процесот на нула со што ќе се одложи времето на инвестирање.

-Знаат граѓаните кој е кој, кога е во прашање привлекување на странските инвестиции. Од друга страна го прекинавте процесот на преговарање со потенцијалните странски инвеститори. Вие добро знаете од пројавата на интерес до донесување на конечната одлука за инвестирање треба да поминат најмалку 4 до 5 години. Вие го прекинавте тој процес, почнува од нула со лица кои што предмалку ги споменав кои што ви се во првите редови за привлекување на странски инвестиции, нагласи Цуклев.

Тој рече дека оваа власт има скриени намери во членот 17 каде што во ланецот на доставување на стока до производителите до ТИРЗ зоните, сакаат да внесат добавувачи или „човек – фирми“ кои што ќе го избават условот на овој закон.

Цуклев истакна дека владата ќе ги поддржи производителите меѓутоа само оние кои ќе набавуваат стока од „човек – фирми“ .



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 13:25