Скопје, 3 мај 2018

Пред да се впуштат во неговото коментирање, во ВМРО-ДПМНЕ треба внимателно да го прочитаат Законот за високото образование.

Партијата којашто со 11-годишното неодговорно и криминално владеење го урниса образованиот систем и нанесе огромни штети врз високото образование нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во образованието.

Јавноста не заборава дека за време на нивното 11-годишно владеење, студентските претставници се избираа на насилен начин со злоупотреба на специјална полиција, која упаѓаше во читална и брутално малтретираше студенти.

На јавноста ѝ е целосно јасно и во потполност ја разбира агонијата и стравот што независното студентско движење го предизвикува кај ВМРО-ДПМНЕ.

Со денешните реакции, ВМРО-ДПМНЕ остава впечаток дека не може да ги надмине погубните политики на Никола Груевски и продолжува да се однесува лицемерно кон студентите и професорите.

За бесплатно студирање и ослободувањето од плаќање партиципација ќе одлучува Националниот совет за високото образование, кој ќе предложи ослободување од партиципација за лицата со инвалидност, лица без родители, но и други лица и студенти со висок просек да бидат ослободени од партиципација за студирање.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога професорите и студентите беа манипулирани и малтретирани, а образованието урнисано, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство посветено работат на создавање на квалитетно високо образование коешто е во интерес на студентите, пофесорите и универзитетите.

Центар за комуникции на СДСМ



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 22:18