По повод Денот на планетата Земја денеска во Градскиот парк кај Школка ќе се одржи првото издание на Скопскиот спoртски фестивал организиран од Здружението за унапредување на меѓусебната доверба – ТАКТ и здужанието СОЛИС, a поддржанa од Амбасадата на САД во Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Фестивалот ќе понуди спортско рекреативни активности за целото семејство, со посебно предвидени зони во децата кои ќе имаат прилика да учествуваат во забавни полигони и традиционални игри, додека возрасните за тоа време ќе можат да се информираат за сите спортски можности и случувања од Скопје и пошироко, понудени на едно место преку саемот за спорт во склоп на фестивалот.

На фестивалот ќе бидат презентирани успешни спортски приказни и практични вежби, меѓу кои и мини маратон од еден километар. Во втoриот дел од денот ќе бидат проектирани документарни филмови на тема качување на карпа и активности во природа како дел од филмската турнеја ReelRock12.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 08:40