АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 мегават часови, по цена од 43,87 eвра за мегават час. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра.

Од АД ЕЛЕМ соопштуваат дека продадените вишоци се ,,базна” електрична енергија (0-24ч) за периодот јуни, јули и август 2018 година.

АД ЕЛЕМ понуди и 14.400 мегацат часови ,врвна” енергија (8-20ч) за која се доби највисока цена од 44,05 евра за мегават. Со оглед на тоа што постигнатата цената беше под проценките за исплатливост на производството на електрична енергија од наведениот тип, не беше извршена продажба на оваа количина. Продажбата на електрична енергија која беше реализирана, ќе овозможи зголемување на производството во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото на компанијата, се вели во соопштението од АД ЕЛЕМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 09:28