Македонската берза денеска ја организира 19-та Годишна конференција која ќе се одржи во Охрид.

На отворањето е најавено обраќање на главниот извршен директор на Берзата Иван Штериев.

Учесниците на конференцијата ќе дебатираат на тема „Макроекономски трендови – што да очекуваат економските субјекти и инвеститори“, „Динамиката на европските пазари на акции“, „Идни предизвици и мегатрендови во финансиските услуги“, „Дали на регионалните пазари на капитал им треба развојна стратегија?“, „Акциите од Централна и Источна Европа во глобалното портфолио -можност за инвестирање преку ETF-ови“ и „Новитети за полесен пристап до информации“.

Во рамки на конференцијата ќе биде доделена наградата „Кристално ѕвоно” за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2017 година и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 09:42