Криминалниот картел на власт ја носи државата во економска бездна.

Катастрофалното и расипничко трошење на власта го проби плафонот. За прв пат јавниот долг во Република Македонија е над 5 милијарди евра, а државниот долг преку 4 милијарди евра.

Продолжува задолжувањето врз грбот на граѓаните. СДСМ ја носи државата во сигурен и загарантиран банкрот. Со самото преземање на власта од страна на криминалниот картел на чело со Зоран Заев сите проекти и инфраструктурни зафати беа запрени, а на сметка на тоа не беа започнати нови проекти и нови инвестиции.

Картелот од почетокот на годината ја задолжува државата за 3 милиони евра на ден.

СДСМ и Заев покажаа незнаење и неработење. Оваа влада мора да одговори пред цела јавност на што и како се потрошени овие милиони за кои ја задолжува државата и граѓаните?

Криминалниот клан од Македонија направи лидер во сиромаштија, не водејќи никаква грижа за своите граѓани. Нема 500 евра плата, ни 100.000 за докторите, ниту поврат на ДДВ, како што нема ни 600 километри нови автопати, ама затоа имаме рушење на сите граници кога се работи за задолжувањето, енормно богатење на фирмите на Заеви и Анѓушев, матни зделки со РЕК Битола и лични бизниси на грбот на граѓаните.

Неуспешните политики на црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев нанесоа огромна штета на македонската економија, а цената за тоа со генерации ќе ја плаќаат граѓаните. Оваа ненародна и криминална власт мора да замине час поскоро, овој криминален клан мора да се запре. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 09:43