Сабвеј, еден од најпопуларните ланци за брза храна во светот, се наоѓа пред својот најголем предизвик. Минатата година мораше да затвори дури 909 филијали во Америка, а годинава планира да затвори уште 500.
Во овие тешки моменти за компанијата, од Сабвеј заминува и Сузан Греко, главната директорка, која има 45 години стаж во фирмата.
Таа е сестра на починатиот коосновач на Сабвеј, Фред де Лук.
Сопствениците на франшизата сметаат дека заминувањето на директорката е вистинско време за да се смени начинот на работа во компанијата. Тие подолго време бараа промени во раководството.