Фабриките во Технолошко индустриските развојни зони што ги изгради владата на ВМРО ДПМНЕ се локомотивата кој ги зголемува вработувањата во државава, напиша пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски на својата фејсбук страна.

Груевски напиша дека успехот на неговата Влада се гледа во Индектот на бројот на работници за март 2018 година објавен од Државниот завод за статистика.

Тој додаде и дека:

„Проблемот е во тоа што нема нови фабрики и нови инвестиции. Исто така проблемот е во тоа што останата економија, не е ни приближно силна и движечка како овие фабрики. Онаа економија на која Заев и Анѓушев им ветуваа пари, евтини кредити, транспарентност, стимуланси, субвенции, нови развојни економски политики итн., а им испорачаа повисоки акцизи и даноци (во најава), повисока минимална плата која ветуваа, а реално не ја субвенционираат освен по нешто малку, им испорачаа и рекетари кои безочно им бараат пари за се и сешто за поединци во врвот на власта…“



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 14:46