Американската воена морнарица решила одново да ја формира својата Втора флота, која до 2011 година беше задолжена за безбедноста на северниот Атлантик.

Флотата беше расформирана како дел од планот за кратење на трошоците во армијата, но поради заострувањето на односите со Русија, оваа флота одново ќе се формира. Во прво време, таа ќе се состои од 15 офицери стационирани во базата Норфолк, во Вирџинија, а оваа бројка ќе порасне на 200 офицери, кои ќе контролираат бродови кои ќе бидат делегирани на флотата.

Втората флота била задолжена за безбедноста на источниот брег на САД и морските линии на северниот Атлантик.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 00:56