Н1 - Белград

За неколку години од нашето секојдневие ќе исчезнат работи без кои денес тешко можеме да го замислиме животот, тврди Мајкл Меквин, Австралиец кој се занимава со предвидување трендови и бизнис стратегии.

Меквин во својата последна книга „Како да се подготвиме за она што доаѓа“, тврди дека за само 15 години би можеле да исчезнат до 47 отсто од професиите кои денес постојат. Голем дел од работниците ќе бидат заменети од машини, а Меквин ги советува луѓето да се фокусираат на знаења кои не се заменливи, со цел да опстојат во иднината.

Тој предвидува дека шест работи, кои денес се секојдневие, во целост ќе исчезнат во иднината.

Прв во редот е Ајтјунс. Тој вели дека Епл својот систем за симнување музика ќе го укине уште следната година, иако тие тоа категорично го демантираат.

Меквин предвидува дека ќе исчезнат и паркинзите. Со оглед на тоа дека автомобилите ги користиме во само четири отсто од своето време драстично ќе се намали употребата на возила во иднината, тврди Мекдвин. И Елон Маск тврди дека автономните возила ќе го преземат монополот и тоа во рок од 15 години.

Меквин вели дека ќе исчезнат и кредитните картички. Во иднина ќе се плаќа со отпечатоци на прсти и посебни системи кои ќе го препознаваат лицето. Кинескиот АлиПеј веќе оди по овој пат и го разви системот на плаќање „Smile to pay“, кој на клиентите им овозможува своите сметки да ги платат откако ќе се насмеат.

Кол центрите и луѓето кои работат таму, во периодот што следува, исто така ќе исчезнат. Луѓето кои работат како техничка поддршка во целост ќе бидат заменети во комјутери.

Потребата за учење странски јазици исто така ќе исчезне, тврди Меквин. Тој предвидува дека во иднина луѓето ќе комуницираат на својот јазик и ќе имаат посебни уреди кои симултано ќе им преведува она што му го кажува соговорникот.

Тој предвидува дека ќе исчезнат и бензинските пумпи. Меквин смета дека автомобили на бензин ќе исчезнат во целост, а со самото тоа и потребата од бензински пумпи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 21:46