Рускиот опозициски водач Алексеј Навални денеска беше пуштен од притвор, по вчерашното апсење за време на протестот на неговото движење во Москва.

Навални организираше протести во пресрет на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин во 90-ина руски градови, при што околу 1.600 негови приврзаници беа уапсени поради протестирање без дозвола. Четвртата инаугурација на Путин за претседател на Русија ќе се одржи утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 21:50