Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Секој изминат ден со криминалниот картел на СДСМ на власт е трагедија за Република Македонија.
Веќе два дена молчи цело министерство за транспарентност, веќе два дена молк од оваа ненародна влада, за тоа дали човекот фотографиран како излегува од зградата на Владата на Република Македонија е Џезаир Шакири познат како Командант Хоџа ?
Владата треба да одговори дали е точно дека Џезаир Шаќири од јули 2001 година е на црната листа на Соединетите Американски Држави потпишана од тогашниот Претседателот Џорџ Буш, токму заради заканата што ја претставувал по безбедноста заради фундаментализам и екстремизам? Дали овој Шаќири се уште е на американската црна листа?
Дали е точно дека ова лице што излегува од зградата на Владата било вмешано во нападот и убиството на полициски службеник во трговскиот центар Чаирчанка во Скопје ?
Дали е точно дека службите поседуваат бројни оперативни информации за негова вмешаност во нелегална трговија и шверц на оружје и дрога?
Дали е точно и дека во декември 2001 година на Косово, во Витина, било пукано него поради сомнеж дека проневерил пари од фонд на тогашната УЧК?
Почитувани,
Доколку фотографиите кои се шират во јавност се верни, владата не смее да крие информации и треба да соопшти со која цел Џезаир Шакири алијас Командант Хоџа бил во службените простории на Владата? Дали се вистините гласините што ги следат овие фотографии во јавноста дека Зоран Заев бил дотолку уценет што прифатил да го ангажира Шакири како надворешен советник и да го плаќа со пари на граѓаните?
Пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири застана во одбрана на таканаречениот командант Хоџа и побара јавноста да не се занимавала со Шакири, како ангажманот во Влада да е приватно прашање. Директорот на ПУИГ од СДСМ, Џеват Исени, како и кандидатот на СДСМ за градоначалник Хади Османи, веќе му честитаа на Командант Хоџа. Како што самите велат „Командант Хоџа сега е командант на владата“.
Џезаир Шакири се пофали дека откако Заев победил, тој направил политички договор со него за да го ослободел Танушевци, а за возврат Заев да му дал некаква функција.
Доколку барем дел од сите овие информации е точен, тогаш станува збор за огромен преседан и трагедија која што Република Македонија ја живее под водство на Зоран Заев. Информациите дека Џезаир Шакири влегува во Владата се загрижувачки. Тоа што владата два дена нема информација дали тој е ангажиран или не е доказ за срамните пазарења кои што се прават. Ако немаат проста информација за тоа кој работи во владата, тогаш какви информации имаат и можат да пласираат од министерството за транспарентност на оваа ненародна власт? Да не беше трагично, ќе беше смешно.
Секој поминат ден со власта на СДСМ е срам за Македонија. Со секој поминат ден се прават се поголеми штети кои ќе биде тешко да се надоместат. Затоа што побргу си заминат од власт, тоа подобро и за државата и за граѓаните.